По серијата ирански напади врз танкери за нафта, терминали и пристаништа низ Заливот, цената на суровата нафта денесka надмина 100 долари за барел, и покрај најавата за ослободување огромни залихи за да се избегне глобален недостиг.
Суровата нафта во еден момент се тргуваше по околу 100 долари за барел (околу 92 евра), иако сите 32 членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објавија дека ќе ослободат околу 400 милиони барели нафта на пазарот, што е приближно количината што светот ја троши за четири дена.
Сепак, последнитеи нформации велат дека утрово нафтата е под 100 долари за барел.
Иако интервенцијата на ИЕА е значајна, аналитичарите предупредуваат дека таквата мерка не може да се повторува често. Трговците сè уште немаат одговор на клучното прашање: колку долго Ормутскиот теснец ќе остане опасна зона за танкерите.
Иранската револуционерна гарда изјави дека непријателите на Иран „нема да можат вештачки да ја намалат цената на нафтата“ и се закани дека цената би можела да се искачи на 200 долари за барел (околу 184 евра).
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сега е под зголемен притисок да ѝ објасни на американската јавност дека војната со Иран нема дополнително да ги зголеми трошоците за живот.
