(ВИДЕО) Бејрут повторно „гори“: Израел изврши 26 воздушни напади врз локации поврзани со Хезболах

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека од почетокот на операцијата во Либан, извршија 26 бранови воздушни напади врз областа Дахија во главниот град Бејрут.

Се наведува дека израелската армија ги нападна командните центри на Хезболах и повеќекатните згради, кои ги опишала како „терористички локации“.

Во соопштението се додава дека израелските воздухопловни сили, водени од разузнавањето на ИДФ, извршиле голем бран напади врз Бејрут, каде што биле погодени и „командниот центар на извршниот совет“ на Хезболах и објект каде што се складирани беспилотни летала на екстремистичката организација поддржана од Иран.

ИДФ тврди дека „преземени се мерки за ублажување на ризикот од штета на цивилите“ пред нападите, вклучително и „рани предупредувања“ и употреба на „прецизна муниција“.

Би можело да ве интересира

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено