Хезболах најавува одмазда: Израелците да ги напуштат градовите во близина на границата

Од:

Либанското движење Хезболах ги предупреди израелските жители да ги евакуираат градовите во рамките на пет километри од границата меѓу двете земји, според пораката објавена на нивниот канал Телеграм на хебрејски јазик.

Предупредувањето дојде помалку од еден ден откако Израел ги повика жителите да ги напуштат јужните предградија на Бејрут, предизвикувајќи голем егзодус од населбата Дахије во главниот град, објави Ројтерс.

„Агресијата на вашата армија против либанскиот суверенитет и безбедноста на граѓаните, уништувањето на цивилната инфраструктура и кампањата на протерување што ја спроведувате нема да останат без одговор“, се вели во пораката на Хезболах.

Израел соопшти дека нема да ги евакуира своите погранични градови и испрати дополнителни војници во Либан, велејќи дека овој потег е одбранбена мерка за заштита на граѓаните што живеат во близина на границата.

Би можело да ве интересира

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено