(ВИДЕО) Пекол сред Дубаи: Паѓаат ракети, гори туристичка атракција

Од:

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати денес објави дека пресретнало нов бран ирански ракети насочени кон ОАЕ.

Како што се гледа на снимките од социјалните мрежи, една ракета го погодила Палм Џумеира, познат остров во Дубаи.

Во Дубаи, експлозии се слушнале во неколку делови од градот, а според првичните информации, можно е тие да биле предизвикани од пресретнати ракети, објавува „Ал Џезира“.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат чад како се издига од Палм Џумеира.

ОАЕ соопштија дека го задржуваат „целосното право да одговорат на ирански напад“ откако беше потврдено дека земјата била погодена од неколку ирански балистички ракети, од кои повеќето биле успешно пресретнати.

„Министерството за надворешни работи го осуди овој напад најостро, нагласувајќи категорично отфрлање на нападите врз цивилни објекти, инсталации и национални институции. Нагласуваме дека ваквите акти претставуваат опасна ескалација и кукавички чин што ја загрозува безбедноста и сигурноста на цивилите и ја поткопува стабилноста“, се вели во соопштението, пренесува Ал Џезира.

Министерството нагласи дека овој напад претставува флагрантно кршење на националниот суверенитет и меѓународното право и дека државата го задржува правото да одговори на оваа ескалација и да преземе сите потребни мерки за заштита на својата територија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од ракетен напад врз американска база, погоден аеродромот во Кувајт, горат згради во Дубаи

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

(ВИДЕО) Морничави сцени од Блискиот Исток: Сè гори, страшни снимки, луѓе бегаат во паника

Кина бара прекин на нападите и почитување на суверенитетот на Иран

Иран ја негира смртта на високи функционери по нападот

ВИДЕО: Гори Саудиска Арабија