Иран ја негира смртта на високи функционери по нападот

Од:

Иранските државни медиуми ги негираа извештаите дека високи политички и воени функционери се убиени во денешниот бран напади на САД и Израел врз земјата. По нападот, се појавија гласини за нивната смрт, но официјален Техеран тврди дека сите се безбедни.

Извршниот заменик на претседателот Масуд Пезешкијан, Мохамед Џафар Каемпанах, објави на социјалната мрежа X дека претседателот е безбеден. Неговиот син, Јусеф Пезешкијан, напиша на Телеграм: „Овој пат нивниот обид за атентат не успеа“.

Армијата, исто така, ја негираше смртта на својот командант, генерал-мајор Амир Хатами. Новинската агенција Фарс објави дека претседателот на Парламентот, Мохамед Бакер Калибаф, и шефот на Врховниот совет за национална безбедност, Али Лариџани, исто така се неповредени.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека нивните напади во Техеран биле насочени кон локации каде што се собирале високи политички и безбедносни личности.

Би можело да ве интересира

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

(ВИДЕО) Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите

Предраг Петровиќ

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада