ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор е од обвинителството на СДСМ и омилените обвинители на Венко

Од:

Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители.

СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно.

А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ.

Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”.

Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението