Орбан: Зеленски мора да знае дека со напад на Унгарија може само да изгуби

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави, како одговор на спорот околу прекинот на снабдувањето со нафта преку нафтоводот „Дружба“, дека украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да знае дека може да изгуби само со напад врз Унгарија.

– Успеавме да го заштитиме снабдувањето со гориво на Унгарија. И му дадовме на претседателот Зеленски цврсти и пропорционални одговори. Тој треба да знае и: Може да изгуби само со напад врз Унгарија, напиша Орбан на Фејсбук.

Тој рече дека унгарската влада во последните денови работела на решавање на ситуацијата предизвикана од блокадата и оцени дека успеала да го заштити снабдувањето со гориво на земјата.

„Кампања или не, украинската нафтена блокада денес е поважна од сè“, рече Орбан, додавајќи дека кабинетот дал „решителен и пропорционален одговор“ на Киев.

Унгарскиот премиер процени дека без руската нафта и гас, цената на бензинот во Унгарија би можела да достигне 1.000 форинти (околу 2,6 евра), додека трошоците за комунални услуги во домаќинствата би се зголемиле за три до четири пати.

Претходно, Орбан објави дека Унгарија ќе стави вето на новиот пакет антируски санкции од страна на Европската Унија, наведувајќи дека Будимпешта не може да ги поддржи мерките додека не се обноват испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“.

Тој рече дека Националниот совет за енергетска безбедност ја разгледал ситуацијата предизвикана од, како што изјави, „украинската уцена“, оценувајќи дека снабдувањето на Унгарија засега не е загрозено, но дека е донесена одлука за „одредени контрамерки“.

Орбан, исто така, нагласи дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел гориво во Украина додека не се обнови нормалниот проток на руска нафта преку нафтоводот, истакнувајќи дека „непријателот на Унгарија не е украинскиот народ, туку лошата украинска политика“.

Унгарија се снабдува со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, чија јужна гранка поминува низ Украина.

Украина објави на почетокот на февруари дека ги прекинала испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“ поради рускиот напад врз инфраструктурата на нафтоводот на 27 јануари.

Би можело да ве интересира

Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија

Зеленски: Путин ја започна Третата светска војна

Зеленски: Дури ни мојата смрт нема да ја „скрши“ Украина

(ВИДЕО) Зеленски е лут на Трамп: Не е фер да бара отстапки само од Украина

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија им помага на САД подобро да ја разберат ситуацијата во Европа и конфликтот во Украина

Орбан: Зеленски директно се вмеша во изборната кампања на Унгарија