Тело на бездомник е пронајдено на улица, најверојaтно почина пред неколку дена

Од:

Тело на бездомник е пронајдено под надвозник во Милано, објави „Милано Тудеј“.

Станува збор за седмо бездомно лице пронајдено мртво на улиците на градот од почетокот на годината, објавија денес италијанските медиуми.

Безживотното тело на 43-годишен бездомник е пронајдено вчера, а веројатно е мртов со денови. Мажот е марокански државјанин, чие тело е пронајдено на Виа Печета.

Седум бездомници починаа на улиците на Милано од почетокот на годината. Само еден ден претходно, телото на друг бездомник, маж во шеесеттите години, беше пронајдено на Виале Касала.

Мажот е пронајден мртов во импровизирано засолниште каде што ја помина ноќта, во близина на супермаркет.

Би можело да ве интересира

Македонец повреден при работа во Италија, пренесен со хеликоптер во болница

Катерина Ѓуровски

Осма жртва од западнонилска треска

Мртов маж е пронајден во автомобил на паркингот пред болницата во Куманово

Горан Наумовски

Температури до 46 степени во Италија – метеоролозите предупредуваат на „супер тропски ноќи“

А1он

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

Објавени пораки на италијанските крајнодесничари: Ги споменуваат Хитлер, Евреите, воен удар