Ројтерс: Малку веројатен е мировен договор меѓу Русија и Украина до март

Од:

Американските и украинските преговарачи разговараа за можноста Русија и Украина да постигнат мировен договор уште во март, но таков временски рок се смета за малку веројатен поради длабоките несогласувања околу територијалните прашања, изјавија денес за Ројтерс три извори запознаени со разговорите.

Најголемата пречка, според соговорниците на агенцијата, е прашањето за брз мир во Донбас.

Во исто време, секој евентуален мировен договор би бил поднесен на референдум од страна на украинските граѓани, кој би се одржал истовремено со националните избори, изјавија пет извори кои побараа анонимност поради приватната природа на разговорите.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели