Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Од:

Министерството за внатрешни работи во последните 24 часа евидентирало две измами врз стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип.

-Вчера, во СВР Штип биле пријавени два случаи на измама извршени врз повозрасни лица од Штип. Првиот случај бил пријавен во 11:30 часот од 96-годишен маж, кој навел дека бил измамен за износ од 3.500 евра. Според пријавеното, телефонски му се јавило лице кое се претставило како лекар и му соопштило дека неговата ќерка се здобила со скршеници и дека е потребна итна операција за која требало да се плати. По претходен договор, оштетениот од балконот ги фрлил парите, кои биле преземени од лице што чекало под објектот и потоа го напуштило местото на настанот. Подоцна, откако стапил во контакт со неговата ќерка, сфатил дека станува збор за измама, информира Министерството за внатрешни работи

Од МВР посочуваат дека вториот случај бил пријавен во 16:30 часот од 77-годишна жена, која изјавила дека била измамена на истиот начин. Таа навела дека лице кое се претставило како лекар телефонски и соопштило дека нејзината ќерка е тешко повредена и дека е неопходна итна операција.

-По договор со сторителите, таа од балконот предала 3.000 евра, 30.000 денари и златен накит на женско лице, кое по преземањето го напуштило местото на настанот. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена, се наведува во соопштението на Министерството.

Од МВР информираат дека и во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Кампањата на А1 Македонија што ја преплави јавноста: „Одговорно со технологијата“ со силна порака за секој учесник во сообраќајот

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина

Предраг Петровиќ

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он