Кремљ вели дека средбата на Путин и Зеленски ќе се одржи само во Русија

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија во моментов ја разгледува Москва како место за можна средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, додека разговорите во Обединетите Арапски Емирати се посебен процес, а не продолжение на разговорите во 2025 година во Истанбул.

– Сè уште разговараме за Москва. Секакви шпекулативни дискусии се несоодветни, изјави Песков пред новинарите, објави РИА Новости.

Тој додаде дека разговорите во Абу Даби се од поинаква природа во споредба со минатогодишните состаноци во Турција.

„Па, овие (преговори) се од поинаква природа. Да почекаме малку“, рече Песков.

Тој, исто така, потврди дека Зеленски не одговорил на повторената покана на Москва за разговори.

Рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков претходно изјави дека Путин постојано нудел можност за средба во Москва, истакнувајќи дека таквите контакти мора да бидат добро подготвени.

Разговорите во ОАЕ, според Песков, не можат да се сметаат за продолжение на претходните разговори во Истанбул, туку се посебен процес фокусиран на дијалогот за Украина.

Би можело да ве интересира

Повредени се најмалку пет лица во рускиот напад врз Павлоград

Украина започна напади врз Русија – Москва е на удар

Медведев: Русија може да се справи со најголемите предизвици

Има мртви и ранети во рускиот напад врз регионот Харков

Галузин: Подготвени сме да употребиме нуклеарно оружје

Зеленски: Не сме биле во подобра ситуација, Русија е изолирана и сама

Горан Наумовски