Блер ќе работи на спроведување на мировниот план за Газа без надомест

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер негираше дека имал каква било улога во одредувањето на цената од една милијарда долари за земјите кои сакаат трајно да се приклучат на новиот „Одбор за мир“ (БММ) на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Одборот за мир во Газа“ ќе биде задолжен да го надгледува спроведувањето на втората фаза од планот за прекин на војната во окупираната палестинска енклава, а во нацрт-основачката повелба се наведува дека секоја земја-членка ќе служи максимум три години, со членови кои плаќаат една милијарда долари за да добијат трајно членство.

Портпаролката на Блер, кој беше избран во основачкиот извршен одбор на БММ, на прашањето дали е свесен за цената на трајното членство, рече дека Блер не бил вклучен во одредувањето на цената за членство во Одборот за мир.

„Тој ќе работи на спроведување на мировниот план поддржан од ОН за Газа, но без надомест“, рече таа, според Дејли меил.

Претседателот на БММ, американскиот претседател Доналд Трамп, би имал овластување да избере кој ќе биде поканет во одборот и би имал конечно одобрение за сите прашања за гласање, се вели во нацрт-повелбата.

Би можело да ве интересира

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат