28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

Од:

Основното јавно обвинителство од Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство.

Обвинителството тврди дека при семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, сега осомничениот се обиде да ја убие сопствената баба.

„На 17 јануари, откако претходно ја блокирал и ја затворил влезната врата од куќата со фиока, со рацете ја удирал жената по главата и телото се додека не паднала во бессознание. Со ударите и нанел повеќе тешки телесни повреди, крварења и нагмечувања на мозокот, скршеници на ребрата и исчашувања на коски, со кои и е доведен во опасност животот на жртвата. По настанот, осомничениот се дал во бегство, но за кратко време бил приведен. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоци или да изврши друго дело“, велат од Обвинителството.

Според искази на дел од сведоците истражителите дознале за неодамнешни промени во однесувањето и психичката состојба на осомничениот, од кои произлегува сомневање дека тој би можел да боледува од некаква душевна болест.

– Бидејќи со стручно мислење се предлага понатамошна опсервација на осомничениот, со цел да се изврши негова медицинска проценка и психијатриско вештачење, јавниот обвинител предложи судот со посебно решение, по определување на мерката притвор, да го испрати осомничениот на опсервација и вештачење во ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар за период од најмалку еден месец, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Ја задушил и ја закопал, на пријателите им рекол дека му дошла на сон и му кажала од каде да ја спаси

Катерина Ѓуровски

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ

Убиство што ја потресе Грција: Македонец призна дека ја уби исчезнатата 45-годишна жена

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Полицаец во пензија доби 10 години затвор – ја уби сопругата затоа што не го гаснеше светлото во станот

А1он

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он