Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Од:

Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, – 4 степени, каде има и снежна покривка од 31 сантиметар.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крушево, 55 литри на метар квадратен, по што следуваат со 52 Охрид, 48 Претор, 39 Маврови Анови, 35 Пожаране, 34 Крива Паланка, 32 Битола, 31 Тетово, 24 Прилеп, Тополчани, 23 Попова Шапка, 19 Берово, 16 Штип, Виница, Струмица, 15 Велес, 14 Скопје-Зајчев Рид, 13 Ѓуриште, 12 Скопје-Петровец, Пожар-Радовиш, 8 Кавадарци, 6 Демир Капија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Куманово се измерени – 3 степени, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Mаврови Анови, -1, Крива Паланка, Штип, Велес и Kрушево, 0, Тетово, Охрид и Виница 1, Претор и Кавадарци, 2, Демир Капија, 3, Прилеп и Берово,4, Битола и Струмица,5, Гевгелија, 7.

Снежна покривка има во Крива Паланка. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец над 60 километри на час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Студено утро, умерени дневни температури – дожд и снег на повисоките места

Снег паѓа во Хрватска

А1он

Снежно невреме ја зафати Србија, патишта блокирани од снежни наноси и несреќи, градови покриени со снег