Муцунски со поддршка за нападот на САД, со фалби за Трамп и Рубио

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја поздравува акцијата на американските власти за заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга.

Муцунски, во објава на неговиот профил на социјалната мрежа Икс вели дека е за поздравување тоа што Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата.

„Ја поздравувам објавата на Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата“, пишува Муцунски.

Тој, исто така, упатува пофални зборови и за државниот секретар Марко Рубио за, како што вели, неговото лидерство во соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро.

„Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, напиша Муцунски.

Претходно, акцијата ја поздрави и косовската претседателка Вјоса Османи.

Би можело да ве интересира

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Трамп: САД би можеле да извршат уште еден напад врз Венецуела, ние сме главни во таа земја

Горан Наумовски

Вучиќ по акцијата против Мадуро: Меѓународното јавно право повеќе не постои, владее правото на посилните

(ВИДЕО) Американски удар врз Венецуела: Руските противвоздушни системи не реагирале

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зошто Венецуела е цел на Трамп

Катерина Ѓуровски

Мамдани контра Трамп: Нападот е кршење на американското и меѓународното право