(ВИДЕО) „Шлаканица“ од Трамп за Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател!

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е време Украина да добие нов претседател, сугерирајќи дека актуелниот украински претседател Володимир Зеленски не направи доволно за да ја заврши војната на својата земја со Русија.

„Предлагам да добијат нов лидер кој може да постигне договор“, рече Трамп во Белата куќа, додавајќи дека „од некоја причина (Зеленски) никогаш не го прави тоа“.

Трамп исто така сугерираше дека, доколку тој бил претседател на САД во 2022 година, „таа војна никогаш немаше да започне“.

„Немаше причина да започне таа војна меѓу Украина и Русија. Таа започна поради неспособност. Зеленски изгуби 30% од земјата, а повеќе од милион луѓе… вкупно над 2 милиони луѓе загинаа. Тоа е војна што никогаш не требаше да започне. И мислам дека е време Украина да добие нов претседател“, рече Трамп.

Трамп ги критикуваше нападите на Зеленски и Украина врз руските рафинерии, велејќи дека тие влијаат врз снабдувањето со дизел на светскиот пазар.

„Им рековме: ‘Можете да правите што сакате со Русија, но не ги напаѓајте рафинериите, бидејќи тоа создава проблем за целиот свет’“, рече Трамп.

Тој го обвини Зеленски дека со своите постапки предизвикува проблеми на глобално ниво, вклучително и за американските земјоделци.

„Тој сака да создаде проблеми за нашите земјоделци и сточари поради горивото, бидејќи Русија снабдува голем дел од светот со таа енергија“, рече американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Врз Запорожје фрлени 5 авионски бомби – загинаа 17 лица, а 18 се повредени

А1он

Нова „плавуша“ влегува во „Белата куќа“ – Трамп ја назначи Кејти Закарија за портпарол

А1он

Трамп збесна поради добитникот на Нобеловата награда за мир: „Ова е срамота! Јас спасив милиони животи!“

А1он

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“