Шверц на културно наследство: Кумановец е уапсен на Табановце

Од:

На граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници вчера вечерта го лишија од слобода Ф.С. (39) од Куманово, информира МВР.

При контролата на возилото „фиат“ кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монета со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.

Кумановецот е задржано во Полициска станица, а за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 266Б од Кривичниот законик за „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.

Би можело да ве интересира

Спречен шверц на оружје од Турција во Македонија

Тројца Грци уапсени на „Стар Дојран“, шверцувале муниција

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

Македонско-бугарска банда кримчарела луксузни автомобили во земјава

Катерина Ѓуровски

Судот протера двајца Срби кои шверцувале цигари во Македонија

Македонски државјанин „падна“ во Црна Гора, осомничен е за перење пари