Трамп: Планирам да назначам Комитет за мир во Газа на почетокот на следната година

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека планира да назначи светски лидери во Комитетот за мир во Газа на почетокот на следната година.

Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека разни лидери сакаат да бидат во комитетот, објави Си-Ен-Ен.

„Тоа ќе биде еден од најлегендарните комитети досега. Сите сакаат да бидат во него“, рече Трамп. Мировниот комитет се формира во согласност со планот за Газа со кој се воспостави прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Прекинот на огнот во Газа стапи на сила на 10 октомври, а беше посредуван од САД.

Врз основа на американскиот план од 20 точки за прекин на огнот во Газа, се очекува Мировниот комитет да управува со Газа во период од две години, со поддршка на меѓународните сили и палестинската полиција, објави Танјуг. Комитетот треба да го надгледува разоружувањето на Хамас и реконструкцијата на Појасот Газа, според нацрт-документот што го виде Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија