Во Виетнам одржана првата парада на гордоста

Од:

Парада на гордоста во која учествуваа околу стотина активисти, вчера протече мирно, без обиди на полицијата да спречи било какво насилство или парадирање.

Шарениот конвој, направен од велосипедисти и пешаци со балони и пароли продефилира во Виетнам, организиран од малата ЛГБТ заедница.

„Време е да се запре дискриминацијата против луѓето со различна сексуална ориентација. Јас сум „стрејт“, но мојата братучетка е лезбејка“, изјави една од учесничките, Кајли Трн (19) која на главата имаше залепено натис „Ја сакам ЛГБТ.“

Хомосексуалноста е се уште табу- тема во комунистичкиот Виетнам, каде што доминираат конфучијанските општествени норми, со акцент на традицијата и семејството. Во медиумите припадниците на овие заедници се уште ги преставуваат како луѓе кои страдаат од „болести“ и треба да се лекуваат.

Сепак, министерот за правда, Ха Хунг Ционг, минатиот месец направи неочекуван потег изјавувајќи дека можби е време да се разгледаат промените во легислативата што ќе овозможат бракови од ист пол.

Доколку ова се реализира, Виетнам, каде што во моментот се забранети браковите помеѓу партнери од ист пол, ќе стане првата земја во Азија што ќе го промени законот за хомосексуалците.

Организаторите на парадата изјавија дека немаат дозвола за да ја организираат, но доколку би побарале, никгаш не би ја добиле. Сепак тие успеаја да продефилираат безбедно на првата парада на гордоста во Виетнам, придруѓени од големиот број заинтересирани кои дојдоа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

Двајца ранети за време на вчерашната парадата на Денвер Нагетс

Горан Наумовски

Организаторот најавува: Парадата во Белград ќе се одржи, ќе има 15.000 учесници

А1он

(ВИДЕО) Пукање на парада во САД, има мртви, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски

ВИДЕО: Египетски полицајци изведоа неверојатна парада што ќе се памети

Жарко Настоски

Претседателот Тачи ја поддржа Парадата на гордоста во Приштина

Ана Ололовска