ВИДЕО: Египетски полицајци изведоа неверојатна парада што ќе се памети

Од:

Власта на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси е позната по склоноста да ја прикажува силата на безбедносните служби во државата на помпезен начин и со грандиозни манифестации, но се чини дека годинешната парада на египетската полиција ќе остане во долго сеќавање по својата екстравагантност.

Стотици припадници на полициските сили на земјата, поголемиот дел штотуку дипломирани полицајци, голи до појасот и во манир на стриптизери, качени на своите возила, велосипеди, мотори, глисери, камиони, џипови и оклопни транспортери, стоејќи мирно, продефилираа пред претседателот ал-Сиси и илјадниците присутни граѓани.

По ова, египетските полицајци изведоа блескава програма од најразлични вежби и прикази на тактичките и физичките способности, придружени од музика и звучни ефекти. Египетската државна телевизија го пренесуваше настанот во живо и на Јутјуб, а за вистинските сладокусци, достапна е и комплетната, двочасовна снимка од парадата:

Снимките од чудната полициска парада станаа вирални и го обиколија светот, а меѓу коментарите на социјалните мрежи се среќаваат и такви што ја споредија естетиката на настанот со прајд парада, како и шеги на сметка на претенциозниот стил на демонстрација на моќта што го практикуваат египетските власти.

Би можело да ве интересира

Египет почна со вакцинација против коронавирусот

Ана Ололовска

Британската полиција по грешка избриша преку 150.000 отпечатоци од прсти, ДНК докази и досиеја за апсења

Жарко Настоски

Салах донира опрема за лекување на ковид-пациенти на родното село во Египет

Жарко Настоски

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

При пожар во египетска Ковид болница загинаа седум пациенти

Ана Ололовска

Бленди Чучи ќе биде нов албански министер за внатрешни работи

Жарко Настоски