Кралот Чарлс: Подготвени сме да ја поддржиме Европа со Германија во услови на закана од руска агресија

Од:

Британскиот крал Чарлс изјави дека Велика Британија и Германија се подготвени да „застанат покрај Европа во лицето на заканата од понатамошна руска агресија“.

Зборувајќи на државен банкет во чест на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кралот го пофали заедничкиот одбранбен договор на двете земји, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, објави Скај њуз.

На почетокот на тридневната државна посета, Штајнмаер рече дека двете земји „работат заедно за да ја промовираат безбедноста и одбраната, рамо до рамо за слободна, мирна Европа… со поддршка за Украина“.

Ова е прва државна посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години, а околу 160 гости присуствуваа на банкетот во салата „Свети Ѓорѓи“ во Виндзор, каде што божиќна елка украсена со 3.000 светилки стоеше од страна.

За време на вечерата, кралот се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, велејќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбендер беа пречекани од кралот Чарлс и кралицата Камила во замокот Виндзор.

Германскиот претседател се сретна и со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса на бизнис лидери од двете земји, како дел од проектот за електрични возила вреден 20 милиони евра, предводен од Мерцедес, кој ќе создаде 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир.

Во јули, Германија и Велика Британија го потпишаа Договорот од Кенсингтон, а Стармер рече дека земјите „ќе соработуваат уште поблиску“.

Тој рече дека односот меѓу двете земји е во „многу, многу силна позиција“ и дека партнерството е клучно за прашања како што се Украина, миграцијата, економскиот раст и трговијата.

Штајнмаер денес ќе положи цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“ во Виндзор, а подоцна ќе се обрати пред парламентот.

Штајнмаер пристигна вчера во официјална посета на Обединетото Кралство.

На почетокот од тридневната посета на германскиот претседател, британската кралска двојка организираше церемонијален воен пречек за гостите од Германија, придружен со поздрав од 41 топ и возење со кралска кочија низ улиците на Виндзор до урнатините на катедралата Ковентри, која беше бомбардирана за време на Втората светска војна, објавува лондонски Гардијан.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Ова е почеток на нова ера – Европа е енергетски независност од Русија

Европските конзервативци и реформисти бараат оставка од Урсула фон дер Лајен

„Волстрит журнал“: Европа ги попречува обидите на Вашингтон и Москва да ја прекинат војната

Мерц: Не може да има „диктиран мир“ во Украина

Горан Наумовски

Несреќа во Минхен: Загинаа двајца државјани на БиХ

Горан Наумовски

Газпром предупреди: Европо, внимавај

Предраг Петровиќ