Израелски напад во јужниот дел на Сирија: Најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Од:

Најмалку пет лица, меѓу кои и две деца, беа убиени во израелски напад во јужна Сирија, објавија сириските државни медиуми.

Инцидентот се случил за време на операција на израелската армија, насочена кон апсење на членови на милитантна група во областа Беит Џин, објави Ројтерс.

Израелските одбранбени сили соопштија дека нивните војници биле нападнати од милитанти и возвратиле на оган, поддржани од воздухопловните сили. Шест израелски војници биле ранети, од кои тројца потешко.

Сириските медиуми објавија дека пет лица се убиени, додека друга агенција, Ехбарија, го објави бројот на жртви на 10.

Израел потврди дека сите барани осомничени се уапсени и дека голем број милитанти се убиени, како и дека операцијата е завршена.

Рацијата е дел од редовните израелски активности во јужна Сирија, каде што Израел одржува војници и набљудувачки места во тампон-зона и стратешки области, со цел регионот да се ослободи од милитанти, соопшти агенцијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Паника и хаос во Бејрут, Иран се заканува поради израелските напади на Либан

Кац: Израелските војници ќе останат во тврдината Бофорт

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Израелската армија тврди дека го освоила Босфорскиот замок во Либан

Горан Наумовски

Историски потег: Израел и САД официјално ги здружуваат силите

ОН ги стави Израел и Русија на црната листа за систематско сексуално насилство