Орбан: Одам во Москва за да ја обезбедам Унгарија со руски гас и нафта

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека патува во Москва за да обезбеди стабилни и достапни испораки на руски гас и нафта за Унгарија во текот на зимата и следната година.

Орбан додаде дека ќе разговара и за мировните напори во Украина со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека прашањето „тешко може да се избегне“.

Орбан отпатува рано утрово на средба со Путин, нагласувајќи дека патувањето било логистички напорно поради војната и избегнувањето на ризичните зони, објави весникот „Маѓар Немзет“.

„Мораме да тргнеме во 4 часот наутро за да бидеме на време за средбата. Мораме да тргнеме во зори, бидејќи има многу што да се избегне поради непријателствата“, рече унгарскиот премиер.

Орбан на аеродромот „Лист Ференц“ изјави дека целта на разговорите е да се продолжи со обезбедувањето на енергетските резерви што пристигнуваат во Унгарија преку руските гасоводи.

Тој истакна дека цените на енергијата низ Европа се нестабилни и растат, додека Унгарија, благодарение на руските испораки, моментално има најниски цени во Европа, објави Танјуг.

Тој, исто така, потсети дека Вашингтон вовел санкции врз руските енергетски компании, но дека Будимпешта неодамна успеала да се изземе од тој режим.

„Сега ни требаат само гас и нафта, а тоа можеме да го купиме од Русите“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Орбан: Постои опасност – сè што сме изградиле може да биде изгубено

Анкетите покажуваат дека опозициската партија Тиса води со убедлива разлика пред изборите во недела

Венс од Будимпешта ја критикува ЕУ, a изразува поддршка за Орбан

Горан Наумовски

Унгарија избира: Орбан и Русија или пресврт кон ЕУ и либерална демократија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спречен e терористички напад во Москва