Левица: Власта го одби амандманот за зголемување на противпожарните капацитети

Од:

На денешната собраниска комисија, пратениците од владејачкото мнозинство го отфрлија амандманот по предлог-Буџетот за 2026 година, со кој се предвидува зајакнување на противпожарната заштита, се наведува во денешното соопштение на Левицa.

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил Хактан, во своето излагање истакна дека во овој предлог-Буџет се предвидени само 16 милиони евра за противпожарна заштита, иако опремата со која располага Македонија не само што е застарена, туку дел од противпожарните возила имаат повеќе од 40 години старост.

Со амандманот на Левица се предвидуваше зголемување на средствата во оваа ставка за 3.2 милиони евра, имајќи го во предвид и фактот дека и бројот на вработени пожарникари е драстично под потребниот законски минимум. Пратеникот од Левица потенцира дека додека власта одвојува 100 милиони евра за НАТО, Македонија секоја година има огромни загуби поради слабости во справувањето со пожарите – нема центар за обука за пожарникари, нема соодветна противпожарна опрема, нема системи за детекција.

Со дрското одбивање на овој амандман од страна на власта на Мицкоски, очекувано е дека и наредната година државата нема да има капацитет да се справи со пожарите и повторно последиците ќе се милионски штети по шумскиот фонд. Сето ова е резултат на погрешните приоритети на власта кои се отсликуваат и во овој предлог буџет, каде повторно се издвојуваат недоволни средства за зајакнување на капацитетите за противпожарна заштита, која единствено функционира со донации за опрема и возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола