Саар: Израел нема да се согласи на формирање палестинска држава

Од:

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, денеска изјави, пред утрешниот состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се гласа за резолуцијата со која се поддржува сеопфатниот план за прекин на огнот во Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, дека Израел нема да дозволи создавање палестинска држава.

„Израел нема да се согласи со воспоставување палестинска терористичка држава во срцето на земјата Израел, на занемарливо растојание од сите нејзини населени центри и со топографска контрола врз нив“, објави тој на платформата X.

Резолуцијата предвидува дека Газа ќе биде администрирана од Меѓународните сили за стабилизација (ISF) и палестинска администрација надгледувана од Мировен комитет со кој претседава Трамп со мандат до крајот на 2027 година.

Се очекува ISF да соработува со Израел и Египет и новообучената палестинска полиција за да помогне во обезбедувањето на граничните области и демилитаризацијата на Појасот Газа. За разлика од претходните нацрти, текстот што ќе го разгледа Советот за безбедност на ОН ја споменува можноста за идна палестинска држава.

САД и неколку арапски и муслимански земји, вклучувајќи ги Египет, Саудиска Арабија и Турција, во петокот го повикаа Советот за безбедност на ОН итно да ја усвои резолуцијата.

„САД, Катар, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Кралството Саудиска Арабија, Индонезија, Пакистан, Јордан и Турција ја изразуваат својата заедничка поддршка за резолуцијата на Советот за безбедност што моментално се разгледува“, се вели во заедничкото соопштение на земјите, додавајќи дека повикуваат на „итно усвојување“ на мерката.

Би можело да ве интересира

Американската војска предизвика бура: На карта, Газа и Западниот брег му ги додаде на Израел

Катерина Ѓуровски

Израел: САД не дозволуваат напади врз иранската енергетска инфраструктура

Нетанјаху: Нема да се повлечеме од Газа додека Хамас не се разоружа

Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас

Пезешкијан: Иран го осуети планот за копнена инвазија

(ВИДЕО) Израелски доселеници нападнаа палестинско село, па палеа куќи

Горан Наумовски