Грција и Украина потпишаа енергетски договор за испорака на американски течен гас во Киев

Од:

Денес во Грција беше потпишано писмо за намери помеѓу DEPA Commerce и Naftogaz за снабдување на Украина со американски течен природен гас од декември 2025 до март 2026 година, објавија грчките медиуми. Договорот претставува клучен придонес кон регионалната и европската енергетска безбедност, а воедно обезбедува и поддршка за Украина во текот на зимската сезона, објави EPT News.

Грчки владини извори изјавија дека клучната енергетска инфраструктура на Грција обезбедува стабилни текови на природен гас по должината на Вертикалниот коридор.

Договорот беше потпишан во присуство на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, украинскиот претседател Володимир Зеленски и блиската помошничка на семејството Трамп, Кимберли Гилфојл.

Мицотакис за време на поздравниот говор до Зеленски рече дека Украина може да смета на силната поддршка од Грција.

„Подготвени сме да ја поддржиме вашата земја и вашиот народ на секој начин. Ќе потпишеме важни договори за снабдување со природен гас за Украина од Грција. Во суштина го активираме Вертикалниот коридор и се обидуваме да обезбедиме гасот да стигне до вашата земја во текот на оваа тешка зима“, рече Мицотакис.

Зеленски ѝ се заблагодари на Грција, потсетувајќи на тешките околности со кои се соочува Украина пред доаѓањето на уште една тешка зима. „Вашата поддршка е многу важна пред оваа тешка зима што доаѓа, со секојдневни напади врз цивили“, рече тој.

Ова е втора посета на Зеленски на Атина, по 2023 година. Претходно се сретна со грчкиот претседател Константинос Тасулас во Претседателската палата. Зеленски ќе ги посети и Франција и Шпанија како дел од неговата европска турнеја.

Би можело да ве интересира

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Семејства бараат враќање на повеќе од илјада Кенијци од војната во Украина

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Седум лица загинаа во руски ракетен напад врз станбена зграда во Харков

Песков: Киев знае што е потребно за успешни преговори, но ситуацијата се влошува