ВЛЕН: ДУИ е последната партија што треба да зборува за ЕУ

Од:

Две недели по дебаклот на локалните избори и две недели по објавувањето на Извештајот за напредокот од Европската комисија, ДУИ и Арбер Адеми „се разбудија од зимски сон“ за да го изразат својот наводен „загрижен“ став за европскиот пат. Иронијата е длабока: со половина раководство на црните листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за европски напредок, напредок што самите го блокираа со години, велат од Влен.

„Уште поапсурдно е што на локалните избори, ДУИ отворено се здружи со нај анти-НАТО и анти-ЕУ партијата во државата – Левица на Апасиев, во Гостивар, Тетово и Струга. Кога им требаше власт, Европа беше заборавена. Денес, кога ги загубија општините и влијанието, одеднаш се сетиле на ЕУ! Вистината е дека тие го газеа европскиот пат кога го променија Кривичниот законик спротивно на предупредувањата од нашите стратешки партнери, отворајќи му пат за враќање на Никола Груевски и овозможувајќи ослободување на Сашо Мијалков.

Сите констатации во извештајот не се резултат на последните 12 месеци. Тоа се последици од повеќегодишно лошо владеење, кои денес ги гледаме напишани црно на бело од Европската комисија.
Коалицијата ВЛЕН го поздравува Извештајот на Европската комисија како реален, објективен и корисен документ за државата. Извештајот јасно покажува дека одредени процеси конечно се придвижени напред. За ВЛЕН, европскиот пат е есенцијален, суштински и за него не се преговара, тврдат од Вреди.

Би можело да ве интересира

Адеми: Европската Комисија ни даде најслаби оценки, такви не сме добиле во последните десет години

Влен: НАИ сè уште е во изборен молк

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

ВЛЕН: Еден глас за победата на 2 ноември

Горан Наумовски

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ