Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Од:

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, остро реагираше на тврдењата на Изет Меџити за негово евентуално влегување во Владата.

Во својата порака, Села рече дека не знае за каква комуникација зборува Меџити, додавајќи дека тоа што се пласира во јавноста е „мешавина од лаги, пропаганда и контрадикторности“.

„Политичката сцена е целосно измешана — самиот Изет вели дека не знае со кого комуницирал. Сето тоа е мешавина од лаги, пропаганда и контрадикторности. Вистината е секогаш јасна, таа е само една и не може да биде две или повеќе. И тоа навистина звучи како Изет!“, порача Села.

Тој категорично негира дека има каква било соработка или договор со актуелната влада.

„Комуникација со мене — нема. Дел од владата — не сум. Стојам со оние што сакаат да ни ги одземат правата како народ — апсолутно не“, потенцира Села.

Лидерот на Алијансата додаде дека политичките резултати ги мери не според функциите и привилегиите на власта, туку според тоа колку придонел за рамноправноста на Албанците во државата.

„Ќе треба да работиме заедно во парламентот — со вас и со ВМРО. Како и секогаш, власта ќе биде од едната страна, а јас од другата. Не рамо до рамо, туку лице в лице“, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски

Поранешен пратеник и директор од ДУИ премина кај Изет Меџити

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание

Се официјализира соработката на ВРЕДИ и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите

Горан Наумовски