ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Европската Унија очекува поактивна улога од Кина во решавањето на конфликтот меѓу Русија и Украина. Тој ја даде изјавата по состанокот со кинескиот премиер Ли Кечијанг, објавија западните медиуми.

„Јасно ставив до знаење дека ЕУ очекува Кина да помогне во завршувањето на оваа војна“, рече Кошта, нагласувајќи дека Пекинг, како еден од клучните глобални актери, може значително да влијае на стабилизацијата на ситуацијата во Украина.

Според него, разговорот со кинескиот премиер опфатил и развој на билатералните односи, како и потребата од враќање на рамнотежата во трговските и економските односи меѓу ЕУ и Кина. Кошта додаде дека биле разгледани и можностите за заедничко дејствување во решавањето на глобалните предизвици.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна изјави дека Кина „не е заинтересирана“ да му помогне на Киев и дека Пекинг „не сака Москва да изгуби“. Тој оцени дека Кина, и покрај својата официјална неутралност, ја поддржува Русија.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, реагираше на овие обвинувања, велејќи дека Пекинг е „цврсто посветен на дијалогот и мирот“. Тој нагласи дека Кина ја темели својата позиција во врска со украинскиот конфликт на „објективен и фер пристап“ и дека ќе продолжи да вложува напори за прекин на огнот и преговори.

Би можело да ве интересира

По Орбан остана Фицо: Словачка најави блокада на санкциите против Русија додека не се поправи Дружба

Русите го нападнаа Киев, ракета погоди зграда: Момче и жена се убиени, десетици се повредени

Горан Наумовски

Политиката на Мерц кон Украина ја потресe Германија

Христофору: НАТО се подготвува за конфликт со Русија и Кина

Украински предизвик за Москва: Нов тип на војување на сцената

Зеленски ги притиска сојузниците: Доста се ветувања, каде се ракетите?