Се гласа од 7 до 19 часот

Од:

Гласањето на локалните избори започнува во 7 часот и трае непрекинато до 19 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.

Во 19 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да се затвори и пред 19 часот, по претходна согласност од надлежната Oпштинска изборна комисија (ОИК), но не отпочнува со броење на гласовите пред 19 часот.

Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбор ги доставува до Општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Изборниот материјал до ОИК го доставува претседателот на ИО во придружба на заинтересирани членови на ИО или претставници на подносителите на листите и претставници од полицијата, ако за тоа има потреба.

Би можело да ве интересира

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ