(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Од:

Се урна балкон од третиот кат од зградата во близина на Универзитетот во Синсинати, соопштија локалните власти, додавајќи дека 10 лица се хоспитализирани, од кои едно е во критична состојба.

– Пет лица се сериозно повредени, додека четворица се здобиле со полесни повреди, изјави капетанот на полициската управа во Синсинати, Стивен Бауер, на прес-конференцијата.

Тој рече дека зградата каде што се урна балконот е дом на многу студенти и додаде дека тие го славеле успешното положување на важен испит во времето на несреќата.

„Сè уште не е јасно колку луѓе биле на балконот во времето на уривањето, но властите го истражуваат уривањето“, изјави за WKRC-TV Френк Мекинли, началник на противпожарната служба во Синсинати.

Фотографиите и видеата објавени на интернет го покажуваат балконот на земја додека пожарникарите и полицијата интервенираат.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 20 повредени во експлозија во близина на Буенос Аирес