Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Од:

Млад маж и млада жена загинаа во руски напад врз трговски центар во градот Суми, во североисточна Украина, а најмалку 20 лица се повредени, соопшти денеска окружната воена управа на градот.

„Меѓу загинатите во непријателскиот напад врз трговскиот центар во Суми се 21-годишен маж и млада жена“, се наведува во соопштението, што го пренесе „Укринформ“.

Меѓу повредените, една жена е во исклучително критична состојба, додека двајца мажи и една жена се во тешка состојба.

Во рускиот напад врз трговскиот центар беа повредени и три девојки на возраст од 15 до 16 години.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски