Мојсоска: За непостапувањето по дивоградбата во Струга следи претставка пред Советот на јавни обвинители

Од:

Точно една година трае институционалниот молк со познатата дивоградба во центарот на Струга, која узурпира државен имот! Иако изминатиов период поднесов и кривична пријава и низа претставки, јавното обвинителство (со неговото 2% доверба) цела година одбира да непостапува. По последната поднесена Ургенција, деновиве добив известување од градежен инспектор дека е поставен службен знак за затворање на градилиштето и дека е издадено Решение за прекин на градење, изјави Јована Мојсоска од Левица.

„Но, и покрај овие формалности, фактичката состојба е дека секој ден дивоградбата се доградува и работници секојдневно работат на овој објект. Најповикан орган за постапување за овој криминал во центарот на градот е ЈО Струга и затоа, ќе ги искористам сите механизми за да добијам одговор кој е јавниот обвинител кој го штити дивеењето на градежната мафија во центарот на Струга.

Кога ја поднесов првата кривична пријава (по која јавниот обвинител не постапува) оваа дивоградба имаше само еден спрат. Денес веќе се гради третиот спрат незаконски, во самата зона на заштитено подрачје.

Следниот чекор е претставка пред Советот на јавните обвинители против обвинителот кој го држи во фиока овој предмет, како тело кое одлучува за несовесно и нестручно вршење на функцијата јавен обвинител. Доста е од празни флоскули за реформи во правосудство – одговорноста мора да биде персонализирана, рече Мојсоска.

Би можело да ве интересира

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он