Трамп: Не е само крај на војната, туку е и крај на теророт

Од:

Обраќајќи се пред израелскиот парламент, Кнесетот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не само што завршила војната во Појасот Газа, туку дека тоа е и крај на теророт.

– Денес, како што рече американскиот претседател, чија секоја пауза во говорот беше проследена со громогласен аплауз, 20 храбри луѓе се вратија од заробеништво, додека останките на уште 28 израелски заложници ќе се вратат. Не само што престана огнот, туку и оружјето стивна, сирените се изгаснаа и сонцето повторно изгреа над Светата земја. Ова не е само крај на војната, туку и крај на теророт, рече Трамп.

Според него, преговорите воопшто не биле лесни, исто како што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не бил лесен преговарач. „Тој е тежок преговарач, но ти благодарам Биби“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит

Трамп се закани поради протекувањето воени тајни: „Треба да бидат стрелани“