Нереди во Мароко: Најмалку двајца загинати и повеќе од 300 се повредени, групата „ГенЗ 212“ бара промени

Од:

Двајца демонстранти беа убиени во судири со полицијата во јужен Мароко, кои беа меѓу оние што се обидоа да упаднат во полициска станица, објавија мароканските медиуми. Демонстрациите го потресуваат Мароко веќе петти ден, а ги поттикнува групата „ГенЗ 212“, која неодамна беше формирана на интернет платформата Discord, чии организатори се непознати, објави денес France24.

Мароканското Министерство за внатрешни работи објави дека повеќе од 400 лица се уапсени, а речиси 300 се повредени за време на митинзите на кои се бараа реформи во секторите за јавно здравство и образование. Млади луѓе со маски се судрија со безбедносните сили во неколку марокански градови во антивладини протести, додека демонстрантите вандализираа имот и палеа возила.

Протестите започнаа во саботата со барања за подобро образование и здравствена заштита, објави Ројтерс.

Невработеноста кај младите во Мароко е речиси 36 проценти, во споредба со 19 проценти кај дипломираните студенти.

Немирите ескалираа при што демонстрантите нападнаа полиција и ограбија продавници, а властите соопштија дека 263 припадници на безбедносни сили и 23 цивили се повредени.

Досега се приведени 409 лица.

Најинтензивните судири беа забележани во градовите во близина на Агадир, каде што беа запалени општински згради, банки и автомобили, додека мирни протести се одржаа во Казабланка, Уџда и Таз.

Демонстрантите таму побараа оставка од премиерот Азиз Ахануш и крај на корупцијата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го поддржува правото на протест во рамките на законот и дека безбедносните сили ќе дејствуваат воздржано.

Групата „ГенЗ 212“ на социјалните мрежи објави дека го отфрла насилството и дека ќе продолжи со мирни протести.

Би можело да ве интересира

Трагедија кај Сеута: Се зголемува бројот на загинати во масовниот обид за премин на границата

Горан Наумовски

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Зошто Сеута е жариште за мигранти и како толку многу луѓе успеале да преминат од Мароко во Шпанија

ВИДЕО: Шпанија постави ограда долга 500 метри на границата меѓу Сеута и Мароко

ВИДЕО: Шпанија ги врати во Мароко мигрантите кои ја опседнаа конклавата Сеута

Шпански министер индиректно го обвини Израел за упадот на мигрантите во Сеута

Катерина Ѓуровски