Денеска Левица поднесе претставка за Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025

Од:

Левица денеска до АВМУ, ДИК, ДЗР, ДКСК и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација достави претставка за Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025.

„Во прилог на овој меил, во целост Ви ја испраќаме Преставката (забелешките и правното мислење по повод противуставноста и политичката дискриминација на Нацрт-упатството за ППР) која Левица ја адресира до Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Со оваа претставка реагираме по повод Нацртот на новото скандалозно и досега невидено и нечуено Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година, кое е произволно, паушално и противправно толкување и извитоперување на смислата и духот на законските одредби.

Со ова Упатство се создаде драконски рестрективна правна интерпретација, невиден скандал во историјата на независна плуралистичка Македонија и за прв пат на една легална регистрирана партија ќе и биде забрането да се рекламира дури и со свои пари. Ова е еклатантен облик на директна политичка дискриминација и повреда на еднаквоста и рамноправноста“,велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он