Во два инциденти, во Скопје ноќеска беа запалени автомобили на две различни локации. Жителите на Центар ги вознемири запалено возило кај Зелен пазар, додека во Кисела Вода опожарено возила поредизвикало паника откако огнот зафатил и фасада од зграда и од продажен објект. Во двата случаи нема повредени.
– „На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври“ во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а од огнот било зафатено и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР за пожарот во Центар.
Во Кисела Вода настанала паника меѓу жителите, со оглед дека огнот зафатил и дел од станбен објект.
„На 25.09.2025 во 03:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дичо Петров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д.(41) од Скопје, а било зафатено и патничко возило „голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, во тек е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во информацијата од МВР.