(ВИДЕО) Изгорени десет автомобили во Нов Белград, се истражува дали пожарот е подметнат

Од:

Десет автомобили изгореа или се делумно опожарени во пожар што избувна на паркинг во улицата „Јуриј Гагарин“ во Нов Белград. Пожарот бил пријавен околу 3:15 часот, а огнот најпрво зафатил едно од паркираните возила, по што за кратко време се проширил и на автомобилите во непосредна близина.

Во пожарот целосно изгореа три автомобили, додека уште седум се делумно оштетени. Од возилата кои целосно биле зафатени од пламенот останале само јагленосани каросерии. Противпожарните екипи веднаш интервенирале на терен, го локализираа пожарот и спречија негово понатамошно ширење. Засега нема информации за повредени лица.

Причината за пожарот сè уште не е позната. Надлежните органи треба да утврдат дали огнот избувнал поради технички дефект, случајно или станува збор за намерно подметнување. Конечниот одговор се очекува по завршувањето на истрагата и вештачењето.

Сепак, пожарот предизвика вознемиреност кај жителите на Нов Белград. Дел од станарите тврдат дека во последниот период во нивното маало имало повеќе случаи на запалени автомобили, поради што се сомневаат дека и овој пожар можеби бил намерно предизвикан.

Според нивните наводи, непознато лице можеби пристигнало со кофа со гориво и намерно го запалило едно од возилата, по што огнот се проширил и на останатите автомобили.

Овие тврдења ги пренесуваат повеќе белградски медиуми, но засега нема официјална потврда од полицијата дека пожарот бил подметнат, ниту дека на местото била пронајдена кофа со гориво.

Истрагата треба да покаже како дошло до пожарот и дали зад него стои човечка намера.

Би можело да ве интересира

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он

Почина човек на Ада Циганлија во Белград

А1он

Во Албанија се запали комбе со македонски таблички кое превезуваше пилиња

Горан Наумовски

Екс кошаркарот Милан Гуровиќ спаси човечки живот за време на пожар среде улица

А1он

Тело на Русинка пронајдено во куфер во канал во предградие на Белград

А1он

Пронајдено e девојчето кое исчезна во Белград

Горан Наумовски