ФИФА планира на Светското првенство во 2030 година да учествуваат 64 екипи

Од:

На претстојното Светско првенство за прв пат ќе учествуваат 48 екипи, но тој број би можел да се зголеми на 64 до 2030 година, пишува аргентинскиот весник „Оле“.

За ова беше разговарано на Самитот на ФИФА во Њујорк, каде што претседателот на организацијата, Џани Инфантино, разговараше со претседателите на Парагвај и Уругвај, Сантијаго Пења и Јаманду Орси, додека аргентинскиот претседател Хавиер Милај не беше присутен.

Парагвај, Уругвај и Аргентина, заедно со Шпанија, Португалија и Мароко, ќе бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година.

На состанокот присуствуваа и лидерите на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

Пред Самитот, Инфантино го посети Мароко, каде што побара поддршка за идејата, а разговараше и со претставници на азиските асоцијации. Се очекува тој да ја презентира својата идеја и во Европа.

Доколку овој предлог биде прифатен, на турнирот во 2030 година ќе учествуваат 64 екипи поделени во 16 групи. Две екипи од секоја група би се пласирале во нокаут фазата.

Три групи ќе се играат во Јужна Америка – по една во Аргентина, Парагвај и Уругвај, додека преостанатите 13 групи ќе се играат во Шпанија, Португалија и Мароко.

Би можело да ве интересира

Кантона со порака до ФИФА: Дојде време да му се одземе привилегијата на Израел

А1он

Јапонскиот атлетичар го напушти стадионот во инвалидска количка по екстремната влажност на Светското првенство

ФИФА заработи 2 милијарди евра од Светското клупско првенство

А1он

Македонија со скок од пет места на најновата ранг-листа на ФИФА

А1он

Досадно реми во Тирана: Албанија-Србија без голови

ФИФА ги казни фудбалските асоцијации на Албанија, Еквадор, Парагвај, Романија, Босна и Херцеговина и Индонезија