Нова жалба против Инфантино, обвинет е за кршење на Етичкиот кодекс на ФИФА

Од:

Организацијата за човекови права „Ферсквер“ (FairSquare) поднесе нова жалба до Етичкиот комитет на ФИФА против претседателот на светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, обвинувајќи го за повеќекратни прекршувања на етичкиот кодекс поврзани со неговите односи со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во жалбата се наведува дека Инфантино, во обид да се приближи до Трамп, ја злоупотребил својата функција, ја прекршил обврската за политичка неутралност и постапил спротивно на интересите на ФИФА.

Во новиот поднесок, „Ферсквер“ наведува осум спорни случаи, вклучително и доделувањето на Наградата за мир на ФИФА на Трамп, контроверзиите за време на Светското првенство и плановите за продажба на удели во натпреварувањата на ФИФА на приватни инвеститори.

Посебно се спомнува случајот со американскиот репрезентативец Фоларин Балогун, чија казна поради добиен црвен картон била суспендирана по интервенција, што му овозможило да настапи на следниот натпревар.

Организацијата тврди дека новите докази укажуваат на сериозни пропусти во управувањето со светскиот фудбал.

Во последните месеци, Инфантино се соочи и со критики поради плановите поврзани со приватни инвеститори, додека УЕФА се закани со бојкот на одредени настани на ФИФА и најави правни чекори.

И покрај притисокот, Инфантино потврди дека ќе се кандидира за нов мандат на изборите во март 2027 година.

Би можело да ве интересира

„Војната“ меѓу ФИФА и УЕФА „се разгорува“

А1он

УЕФА подготвува кривична пријава против Џани Инфантино

А1он

Паредес доби драконска казна од ФИФА за хаосот по финалето на Мундијалот

А1он

Нов скандал на Џани Инфантино

Инфантино со силна поддршка од Советот на ФИФА – на повидок нов претседателски мандат

Горан Наумовски

Се намалува поддршката за Инфантино: Од регионов, Србија и Хрватска против негов нов мандат во ФИФА