А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Спорт

Се намалува поддршката за Инфантино: Од регионов, Србија и Хрватска против негов нов мандат во ФИФА

by А1он07/08/2026 - 17:39260
Share0

Поддршката за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, значително ослабна откако неговиот предлог за продажба на дел од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори беше одбиен.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според досегашните јавни изјаснувања, најголемиот дел од европските фудбалски сојузи нема да го поддржат Инфантино на изборите за претседател на ФИФА, кои ќе се одржат во март следната година.

Меѓу земјите кои јавно се изјаснија против негов нов мандат се Србија, Хрватска, Германија, Англија, Холандија, Данска, Шведска, Норвешка, Финска, Грција, Романија, Албанија, Велс и Јордан.

Од друга страна, поддршка за Инфантино досега изразија Катар, Обединетите Арапски Емирати, Мароко, Египет, Аргентина, Мексико, Парагвај, Индонезија, Филипини, Кувајт, Либан, Бангладеш, Бутан, Гамбија, Џибути, Демократска Република Конго и Шри Ланка.

Следете a1on на Youtube YouTube

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина сè уште нема официјален став, но според регионалните медиуми, се очекува да ја следи позицијата на поголемиот дел од европските федерации.

Изборите за нов претседател на ФИФА се закажани за март 2027 година, а исходот би можел да биде неизвесен по првпат по повеќе години, откако Инфантино остана без силната поддршка што претходно ја имаше во европскиот фудбал.

fifainfantinosport

Би можело да ве интересира

Алкарас по голема драма го совлада Шелтон и обезбеди ново финале во Торино

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 17:0021/11/2026 - 17:02

АТП најави над 350 милиони долари за тенисерите: Најдобрите 100 ќе заработуваат најмалку 1,1 милион годишно

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 11:22

Мудрик го обвини Шевченко дека лаже: Украинската фудбалска легенда бара јавно извинување

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 11:18

Прво издание на ноќната урбана трка „Центар најт ран“

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 09:33

ВИДЕО: Дончиќ „полуде“: Како Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 09:30

Најава за враќањето на Роналдињо на терените: „Магијата никогаш не исчезна, се враќа на 15 ноември“

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 00:0223/10/2026 - 20:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео