ЈСП има нафта уште за денеска

Од:

Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз во главниот град засега не е закажана. Според извори од ЈСП, најава за прекин на работењето нема и нафта за автобусите е пристигната вчера во двете бази, која како што велат е доволна за вчерашниот и денешниот ден.

Независен член на Советот на Град Скопје и екс заменик градоначалник Скопје Александар Трајановски, потврди дека досега не е закажана итна седница на Советот за проблемот.

-Засега нема повикано седница, ниту од страна на град Скопје, ниту од советниците. Дополнителна осакатеност е тоа што Советот, по преминувањето на Трајко Славески нема претседател на Совет и секоја седница индивидуално се назначува претседател на совет. Засега седница нема закажно, особено не за точката за која ме прашувате, изјави Трајановски за МИА.

Според извори од ЈСП, најава за прекин на движењето на автобусите на ЈСП засега нема, посочувајќи дека вчера попладне пристигнале околу 20 тони нафта, по десет во двете авто бази кои, како што велат се доволни за вчерашниот и денешниот ден.

Град Скопје во соопштение од медиумите вчера реагираше дека „Пуцко петрол“ ја прекинал испораката на нафта иако, како што велат има активен договор со ЈСП.

-Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од Пуцко петрол, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени иако има активен договор за испорака на нафта ја прекина доставата, се вели во соопштението од Град Скопје.

Од Град Скопје, меѓу другото, најавуваат дека за Асмир Јахоски и Пуцко петрол ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“