Детектор за лаги треба под итно да се инсталира во штабот на ДУИ во Мала Речица, велат од Влен

Од:

Членството на Влен ќе иницира донаторска акција за купување детектор за лаги кој треба под итно да се инсталира во Мала Речица. Количеството на лаги кои ДУИ ги пласира на нивните јавни настапи се толку дрски, што со право јавноста се сомнева дека почнале да веруваат во сопствените измислици, што како синдром влегува во доменот на медицинската наука, велат од Влен.

„Притоа, граѓаните и јавноста се збунети. Кога го слушаат Бујар Османи добиваат впечаток дека тој е во заблуда дека се кандидира на претседателски, а не на локални избори. А тој пустиот бидејќи никогаш немал контакти со жителите на Чаир, а реално не му се познати надлежностите на општината, бара сламка за спас во национални теми. Затоа, со многу логични прашања ќе се обидеме да разобличиме три стандардни лаги на штабот од Мала Речица.

Лага број 1: ДУИ е единствен легитимен претставник на Албанците! Тогаш зошто на престојните локални избори ДУИ најголемиот број на Албански општини ги отстапи на други кандидати? Зошто “легитимниот” ДУИ се крие зад коалиционите партнери ?

Лага број 2: Обзнанувањето на соработката на ДУИ со Левица наводно биле очајнички конструкции со кои се подготвувало членството на ВЛЕН за пораз. Зошто Бујар Османи бара одговорност од Изет Меџити за пожарите на депониите, а свесно и со умисла ја заборави Данела Арсовска која има директна надлежност врз депониите? Чиј почесен конзул беше Данела Арсовска и каква улога имаа Никола Груевски и Блерим Беџити во нејзиниот оркестриран напад врз Чаир? Дали соработката на ДУИ и Левица во Град Скопје сега е проширена и надградена и во Албанските општини?

Лага број 3: Селотејп коалицијата на Ахмети, Таравари и Села е најголемото обединување на Албанците во последните 20 години. Дали обединувањето на овие тројца исклучиво со цел затскривање на корупциските скандали со Соравија, Ѓока Констракшн и Дака Давидовиќ и многу други афери, може некој да помисли да ги претставува како Албанско обединување? Зарем Ахмети и Бујар до толку ја потценуваат интелигенцијата на Албанците на кои им е јасно дека трикот со АКИ селотејп коалицијата е да се амортизира незадоволството од криминалните афери на ДУИ? Навистина е жално да се гледа една партија како ДУИ да паѓа на вакво дереџе. Но, Македонија видела и други вакви примери, особено кога се распадна историското ПДП. Со вакво поведение Бујар Османи навистина придонесува локалните избори да станат референдум – против ДУИ, нагласуваат од Влен.

Би можело да ве интересира

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче