Зоран Николов го освои врвот Елбрус сместен на планинскиот масив Кавказ во Русија

Од:

Зоран Николов успеа да го совлада највисокиот врв во Европа – Елбрус (5.642 метри надморска височина), сместен на планинскиот масив Кавказ во Русија, информираат од Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, чиј член е Николов.

– Овој значаен подвиг е резултат на огромна истрајност, љубов кон планината и силен планинарски дух, со кој Зоран уште еднаш го претстави нашиот клуб на највисоко ниво. Нека ова искачување биде инспирација за сите сегашни и идни планинари, а на Зоран му посакуваме уште многу нови успеси и безбедни искачувања на идните врвови, истакнуваат претставници на кочанскиот ПСК „Осогово“.

На подвигот на Зоран Николов му претходела десетдневна експедиција и овој негов најнов успех е резултат на континуитетот во планинарењето.

Претходно, тој има значајни искачувања на Ерменија, врвот Арарат во Турција, на масивот Памир во Киргистан, на Алпите во Швајцарија, Италија и Франција, како и на врвот Аконкагва во Аргентина.

Би можело да ве интересира

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Средба на планинарски друштва и СВР Тетово: Пријавување на планинарските тури за поголема безбедност

Наум Локоски

Полицијата и планинарите на средби за побезбедно планинарење

Наум Локоски

Македонски планинарски тим се искачи на Елбрус, највисокиот врв во Европа

Предраг Петровиќ

Традиционално искачување на „Живот со предизвици“ на Голем Кораб

Ана Ололовска

Искачување на Голем Кораб

Емир Латифовиќ