САД воведуваат такса од 100.000 долари за визи за квалификувани работници

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе им наплаќа на компаниите 100.000 долари годишно за привремени работни визи H-1B, што би можело да нанесе сериозен удар на технолошкиот сектор кој во голема мера се потпира на квалификувани работници од Индија и Кина.

Откако се врати во Белата куќа во јануари, Трамп воведе низа антиимиграциски мерки, од кои некои се насочени кон ограничување на одредени форми на легална имиграција во Соединетите Американски Држави. Најавената реформа на програмата за визи H-1B е најзначајниот обид на администрацијата на Трамп да го реформира системот за привремени работни визи, објавува SEEbiz.

„Ако ќе обучувате некого, тоа ќе биде некој што неодамна дипломирал на еден од големите универзитети низ нашата земја. Обучувајте Американци. Престанете да носите луѓе што ни ги земаат работните места“, рече министерот за трговија Хауард Лутник.

Бројот на странски работници во областите на науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM) во САД се зголеми повеќе од двојно од 2000 до 2019 година, на речиси 2,5 милиони, додека вкупната вработеност во STEM се зголеми за само 44,5 проценти во истиот период, се вели во документот.

Би можело да ве интересира

Путин очекува да продолжи соработката со САД за решавање на ситуацијата во Украина

Горан Наумовски

Британија ќе ја признае Палестина и покрај притисокот од САД

Горан Наумовски

Хакаби: САД сакаат да управуваат со Газа

(ВИДЕО) Во хеликоптерска несреќа во САД загинаа четворица војници

ВИДЕО: САД ја блокираше резолуцијата на ОН за Газа по шести пат, голготата на жителите продолжува

Трамп не е задоволен од Нетанјаху, но му дава одврзани раце на Израел во Газа