Валериј Герасимов: Напредуваме на сите фронтови

Од:

Руските сили напредуваат во речиси сите правци во конфликтните зони во Украина, изјави денес началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов.

Најинтензивните борби се водат кон Красноармејск, изјави Герасимов на состанокот со воените команданти во борбената зона.

Според него, руската западна армија развива офанзива во близина на Купјанск, а напредувањето успешно се одвива и во насока на Краснолиман, каде што, како што тврди, „градот Кировск ќе падне под руска контрола“.

„Напаѓачките единици на Јужната група напредуваат кон селото Северни. На правецот Александар-Калиновски, се водат борби во близина на Константиновка, нашите единици влегоа во Плешчеевка. Уништувањето на непријателот блокиран јужно од резервоарот Клебан-Бик продолжува“, рече Герасимов.

Тој додаде и дека Групата „Восток“ ја развива својата офанзива во Дњепропетровската и Запорожската област.

Герасимов им додели награди на војниците кои се истакнале за време на борбените операции.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина