ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Од:

Пред да се осмели да зборува за било кое прашање, Венко Филипче е должен јавно да објасни: зошто за модуларната болница, наместо Министерството за локална самоуправа кое требало да ја спроведе постапката, токму тој лично го презеде и реализираше тендерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто министерот за локална одбил да го потпише договорот и да ја спроведе процедурата што му ја наметнувале тој и Зоран Заев? Зошто тогаш постапката ја превзел и ја туркал токму Филипче? Сè додека не даде јасен и издржан одговор на ова прашање, Филипче нема никаков кредибилитет да зборува за било што. Вакви прашања до него има уште многу – и секое од нив го открива вистинското лице на „неврохирургот“ кој сака да ужива на јахти, а кој со причина е заложник на семејството од Струмица. Толку од нашиот одговор“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски