Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост

Од:

Пожарот во Трубарево е локализиран, нема опасност за негово проширување, но се уште е активен. За да се елиминира опасноста од загаденоста на воздухот на жителите што се најблиску до жариштето им се препорачува да ги напуштат домовите и им се ставени на располагање сместувачките капацитети  во Центарот за обука во Идризово, рече на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Приоритет, истакна Тошковски, е заштита на животот и здравјето на граѓаните.

Тој соопшти дека Дирекцијата за радијациска сигурност утврдила дека нема радијациско зрачење,  додека АБХО единицата на Министерството за одбрана констатирала дека во непосредна близина има висока концентрација на штетни супстанци на 150 метри од жариштето. Над 200 метри загаденоста е ниска, а над 400 метри не е констатирана загаденост, рече Тошковски.

Во полициска станица се вршат разговори со три лица, сопственици или управители на предметниот објект.  Оперативните активности за расчистување на настанот продолжуваат во координација со јавен обвинител, соопшти Тошковски.

Истакна дека ваков тип на пожар првпат настанува на територија на државата на ваков тип на фабрика за рециклирање отпад.

– Првпат имаме  ваков тип пожар во Македонија, побаравме и добиваме стручна помош од домашни и странски експерти. Нивниот совет беше дека кај ваков тип на пожари треба да се дејствува така што ќе се затрупа со песок. Ова што се случува се должи и на негрижа од претходни влади и тоа доведе до овие проблеми, и во Вардариште и Дрисла, рече Тошковски.

Дополни и дека располагаат со соодветна опрема, доставени се гас маски и маски Н95 за жителите кои се во најголем ризик т.е. на радиус од 150 метри.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски