Туск: Не подлегнувајте на руски дезинформации

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск ги предупреди граѓаните да не подлегнуваат на руските кампањи за дезинформација и да не учествуваат во нивното ширење, јави ДПА.

– Ширењето на руската пропаганда и дезинформација во сегашната ситуација е чин што ѝ штети на полската држава и директно ја загрозува безбедноста на татковината и граѓаните, напиша Туск на социјалната мрежа „Икс“.

Тој додаде дека „глупоста и одредени политички убедувања“ не смеат да се сметаат за олеснителни околности.

Полското Министерство за дигитални работи, исто така, предупреди на ширење дезинформации и објави список со наративи што доаѓаат од руски и белоруски извори.

Би можело да ве интересира

Петмина се мртви, а се 14 повредени во рускиот напад врз Запорошката област

ЕУ: Прво прекин на огнот, потоа преговори меѓу Русија и Украина

Велика Британија, Германија и Франција поддржуваат директни разговори меѓу Путин и Зеленски

Најмалку четири лица загинаа во напад во регионот на Киев

Захарова: Србија е вовлечена во конфронтација со Русија

Песков: Односите меѓу Русија и САД не одат наназад