Оштетен дрон е пронајден во Полска на 40 километри од границата со Белорусија

Од:

Локалната полиција во Полска потврди дека e пронајден оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во акцијата, а е откриен во селото Чосновка во источна Полска. Локацијата се наоѓа на приближно 40 километри од полската граница со Белорусија. Фотографиите што циркулираат на интернет покажуваат дека припадници на војската се на лице место и дека самото беспилотно летало е оградено.

Дронот се испитува, и дури по завршувањето на истрагата ќе бидат познати повеќе информации за соборениот дрон.

Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „ваквите предмети можат да бидат опасни и мора да бидат испитани од експерти“.

За потсетување, полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.

„Распоредено е оружје, а службите активно работат на лоцирање на соборените предмети“, објави Полската оперативна команда.

Тие додадоа дека е во тек воена операција и го повикаа населението да остане во своите домови.

Полска е членка на НАТО, трансатлантски одбранбен пакт во кој учествуваат САД, и кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.

Би можело да ве интересира

Кој е Украинецот уапсен во Пула поради сомнеж дека е поврзан со саботажата на Северен тек?

Кулеба: Америка веќе нема желба да ја спонзорира Украина

Москва обвинува: Зеленски создава „пантеон“ на украински националисти и соработници

Нов напад врз Запорожје: Загина маж, неколкумина се повредени

Украина ја пречекува есента со недоволни резерви на гас

Четири милијарди долари за Иран преку крипто фирма од Варшава